Пејачката Тања Савиќ неодамна си го загрозила животот, пишуваат регионалните медиуми.
Според информациите што ги објавија медиумите, повикувајќи се на неофицијални извор, 30-годишната пејачката повторно останала во блажена состојба, но, наводно, поради кариерата не сакала трето дете во овој момент и затоа решила да абортира.
Пејачката десет дена преживувала вистинска драма поради нарушената здравствена состојба. Имено, како што самата им објаснила на докторите во приватната клиника, само нејзиниот сопруг Душан бил упатен во сè што се случува, а од родителите и од семејството криела дека абортирала.
Поради тоа што била влезена во вториот месец од бременоста абортусот бил ризичен. На почетокот сè поминало како што треба, а кога пристигнала дома почнале мачнини, повраќање, неколку пати паднала во несвест и била вратена во болница кадешто неколку денови примала инфузија.
Како што пренесуваат медиумите, Тања закрепнала, но сега мака мачи со стресот и видно губи килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.