| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола потпишал со Манчестер Сити и Меси оди во ист правец?!

pep gvardiola

Доцна синоќа шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ лансираше неверојатна информација со која тврди дека тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардола потпишал преддоговор со Манчестер Сити.
Тој има договор со баварскиот гигант до крајот на оваа сезона и на неколку наврати управата на Баерн најави дека ќе се обиде да го задржи шпанскиот стручњак и во следните неколку сезони.
Сепак долго време во англиските медиуми се шпекулира дека Манчестер Сити по секоја цена сака да го доведе во своите редови Гвардиола, и за тоа е подготвен да му ги исполни сите желби за доведување на играчи кои се по негова мерка особено по доѓањето на високи функции во Сити поранешните директори на Барселона, Бегириштајн и Соријано кои се во одлични односи со Гвардиола.

Како продолжение на оваа бомбастична вест на „Мундо Депортиво“ дел од англиските медиуми тврдат дека врдат дека Меси веќе почнал разговори со Сити. Меси се налутил на челниците на Барса кои одбиле да разговараат за продолжување на неговиот договор истакнувајќи дека за нив приоритет е продолжувањето на соработката со Нејмар. Лионел Меси е решен да замине од Барселона, а ангажманот на Гвардиола во Сити веќе го натерал да почне преговори со „граѓаните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top