| четврток, 6 декември 2018 |

Вака Севрина успеа да се потсмева на своја сметка за презимето и да ги вознемири фановите

Од пред неколку денови таа не е повеќе Вучковиќ.

sevka_1443009333_670x0

Хрватската ѕвезда Северина Којиќ полека се навикнува на новото презиме. Моминското Вучковиќ повеќе не го користи, а и на социјалните мрежи се претставува со новото презиме.

На свадбата во недела  прв пат се пошегува на своја сметка и кажа: „Дали јас сум сега Северина Којиќ Кеба или како?“ – прашала Севе пред бројните гости кои се собрале да го прослават најубавиот ден во живото на младоженците.

keba_seve1

Како што им изјавила на регионалните медиуми таа смета дека одамна го „загубила презимето“ бидејќи сите ја знаат само по името.

Северина објави и фотографија со која му порача на нејзиниот избраник дека на нејзината среќа и нема крај , а на која позира со вене од бршлен  за кој обожавателите коментираа загрижено дека е отровен и дека навестува несреќа.

sevka brslen

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top