| четврток, 6 декември 2018 |

Сириските војници со хип-хоп музика ги нервираат припадниците на ИСИЛ (видео)

images

Кога веќе не можат да ги совладаат со оружје, војниците од сириската армија кои му се лојални на претседателот Башар ал Асад, изнајдоа начин како да ги нервираат припадниците на Исламска држава. Наместо со оружје тие се пресметуваат со нив со музика. Тие на линијата на фронтот почнале да пуштаат хип-хоп музика и да играат во ритамот на американската музика.

На територијата на Исламска држава е строго забрането емитување и слушање музика особено ако ја изведуваат Американци. Според џихадистите тоа е музика за неверници и секој што ја слуша се соочува со смртна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top