„На изборите на 24 Април, повторно мора да победи вољата на граѓаните на Република Македонија. Не смее да има ниту еден сомнеж, изборите на 24 Април 2016 година, мора да бидат беспрекорни. Без било кој да има право, изговор или основа да се посомнева во валидноста на вољата на народот. Затоа ВМРО ДПМНЕ, инсистира што е можно побргу, во најскоро време да се расчисти изнесената афера, преку неделникот Фокус, близок до СДСМ по однос на наводните фалсификувани лични карти и нивната злоупотреба во нечии изборни цели. Согласно политичкиот договор Министерството за внатрешни работи, го води Министер технички назначен од страна на Социјал Демократскиот Сојуз, кој е истовремено и Генерален Секретар на оваа политичка партија. Министерството за внатрешни работи, има за должност, Министерот кој што е технички назначен Господинот Спасовски, мора што поскоро да се изјасни и да ја расчисти оваа афера, рече Милошоски.
Тој, продолжи Милошоски, има целосна одговорност, ги има на располагање сите ресурси, има овластување и мора да покрене постапка за расчистување на оваа афера за наводна злоуботреба на фалсификувани лични карти изнесена од неделникот Фокус близок до Социјалдемократскиот сојуз.
„Сепак во моментов, наша оценка е дека техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го одолговлекува случајот, доцни со неговото разрешување и не сме сигурни дали тоа се должи на институционалното неискуство на Спасовски како политичар или на немањето на политичка волја и способност да се расчисти оваа изнесена афера. Оливер Спасовски мора да излезе и да и каже на јавноста дали некој изработувал фалсификувани лични карти, како успеал да ги фалсификува, дали некој злоупотребил 30 000 фалсификувани лични карти на избори, кога тоа го направил и на кој начин, додаде Милошоски.
Оливер Спасовски како технички назначен министер кој што ги оспоруваше изборните резултати има и лична и политичка одговорност, но сега и институционална одговорност да докаже пред јавноста дека има капацитет да се занимава со работи коишто се на надлежност на министерството за внатрешни работи.
„Оливер Спасовски мора да одговори кој ги изработил овие наводно фалсификувани лични карти, каде ги изработил и на кој избирачки места истите се злоупотребени. Доколку сето ова не е точно и се работи за манипулација, Оливер Спасовски како технички назначен министер ќе мора да одговори кој се обидува да манипулира со граѓаните и истиот оној кој што можеби се обидува да манипулира со граѓаните и со јавноста, да го изведе пред надлежниот суд. Само на тој начин, Оливер Спасовски како технички министер за внатрешни работи ќе докаже дека не е дел од уште едно сценарио на Социјалдемократскиот сојуз за избегнување на одговорноста и за наоѓање на изговори пред новиот изборен пораз којшто ги очекува во април идната година, подвлече тој.
Министерството за внатрешни работи во изминативе 10 години имаше бројни истраги како на национално така и на регионално и меѓународно ниво. Меѓународните операции како Диригент, операцијата против таканарачената Франфуртска мафија или Босфор за сузбивање на нелегална трговија со наркотици покажаа дека македонската полиција има сериозен капацитет да се занимава, да отвора, да открива и да разрешува многу посериозни афери од оваа којашто во моментов е изнесена, но истата е многу важна затоа што има политичка тежина и се однесува на престојните избори.
„За фалификуввње на лични карти се одговара според законот исто како што се одговара за изнесување на манипулации за доведување на јавноста во заблуда и министерот кој што е технички назначен од страна на Социјалдемократскиот Сојуз. Иако молчи 6 дена за оваа изнесена афера од страна на неделникот Фокус се надеваме дека нема да молчи и во следните 149 дена до изборите во април следната година. Господинот Спасовски одговорен и медиумот Фокус и пред целокупната македонска јаввност да излезе со брза и аргументирана кривична пријава или против тој што го сторил наводниот криминал и фалсиификувал лични карти и истите изборно ги злоупотребил или против тој што лажно пријавувал сака да фрли сомнеж врз изборите, институциите и политичката волја на граѓаните, рече Милошоски.
Господинот Оливер Спасовски, додава Милошоски, иако е технички министер за внатрешни работи сеуште е Генерален секретар на Социјалдемократскиот Сојуз.
„Но сега не смее да одбегнува вака сериозно отворено прашање, сериозно наметната афера и мора да се соочи со истата и да ја разреши. Го повикуваме техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да не го одолговлекува разрешувањето на наводниот случај за 30.000 фалсификувани лични карти, да се зафати со негово разрешувањето и во најскоро можно време и на јавноста и преку институциите да им даде одговор и да покрене постапки врз основа на Законот да се одговара за вакво дело или манипулација доколку истото не се случило, вели Милошоски.
До изборите остануваат уште 149 дена кога ќе победи повторно изборната волја на граѓаните на Република Македонија.
„Сакаме таа победа и нивната изборна волја да не бидат исфлекани со ниту една дамка и ВМРО ДПМНЕ затоа инсистира за најскоро можно иинституцинално разрешување на оваа афера изнесена од медиумот Фокус којшто е близок до СДСМ, заклучи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?