Германија е подготвена да испрати воени авиони „торнадо“ што би биле дел од коалициските сили во борбата против терористичката Исламска држава во Сирија, јави ДПА повикувајќи се на владин извор. Одлуката за испраќање на воените авиони била донесена на средба на канцеларот Ангела Меркел со министри од нејзиниот кабинет откако таа се соглaсила во преговорите со францускиот претсетаел Франсоа Оланд да се достави воена помош во меѓународната битка против ИД.
За испраќањето авиони треба да се гласа во Парламентот, но засега не се знае кога тоа ќе се случи. Според медиуми, Париз побарал таков вид авиони да обезбедат разузнавачка поддршка за француската воена мисија против ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.