| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Посакуваме да го повториме мечот од Данска

Последниот натпревар пред домашната публика во рамките од Лигата на шампионите РК Металург ќе го одигра со данскиот претсавник Скјерн в недела со почеток од 18.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Шансите за пласман на едно од првите две места во групата кои водат во следната рунда оддамна се загубени, но македонскиот тим однапред нема да излезе со бело знаме, знаејќи дека може да се носи со Скјерн бидејќи првиот натпревар во Данска го загуби со само еден гол разлика (20-19).
На избраниците на Лино Червар им останува во последните два завршни меча да го поправат впечатокот и да потврдат дека во овој млад состав има потенцијал за настап во најелитното европско натпреварување.

– Ова е последен натпревар пред домашната публика оваа сезона во Лигата на шампионите. Без разлика на победите и поразите, задоволен сум од прикажаната игра на моите ракометари. Скјерн е квалитена екипа и може да се случи да го загубиме натпреварот, но никако нема однапред да се предадеме. Овие два последни натпревари треба да ги завршиме како што треба, да се бориме без разлика каков ке биде резултатот.Многу е важно за овие млади играчи да стекнат навика да не се предаваат кога работите не одат како што треба. Очекувам токму неделниот противник заедно со Мотор да бидат првопласираните екипи во групата. Во Данска одигравме одличен натпревар и несреќно загубивме. Очекувам поагресивна игра од нивна страна и обид за брза транзиција и лесна реализација. Мора тоа да се сведе на минимум – истакна тренерот на Металург, Лино Червар на денешната прес-конференција пред дуелот со Скјерн.

На последните два натпревари во Лигата на шампионите, в недела против Скјерн и потоа на последното гостување против Елверум, Металург ќе биде во комплетен состав. Од стручниот штаб информираа дека Лука Мраковчиќ комплетно ја санира повредата на дланката и дека ќе биде во осставот за овие два натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top