Во градската индустриска зона „Запад” во Штип беше поставен камен темелник на нова странска инвестиција на германската компанија „Семак Фешн”. Станува збор за фабрика на градежна парцела од 33.000 квадратени метри од кои површината на самата фабрика е на околу 5.000 квадратени метри, пренесува ТВ Стар. Рокот на изградба е до јули 2016 година. Фабриката ја гради штипската фирма „Актива”.
Сопственикот на „Семак Фешн”, Лудвид Штенау во обраќањето пред присутните напомена компанијата годишно произведува 650.000 кошули и дека облеката се испорачува во 2000 продавници-бутици низ Европа. .
-Оваа фирма во Македонија е основана од мојата германска компанија, работиме 20 години тука и ова е одличен начин да ја прославиме таа дведецениска работа во Македонија. Во овој погон имаме 300 вработени со можност за проширување на капацитети за уште стотина, а во другите погони, меѓу кои и во Германија околу 700, значи севкупно имаме 1000 вработени. Ние сме едни од најголемите производители на женски кошули во Германија- додава Штенау.
Градоначалникот на штип, Илчо Захариев посочи дека Штип станува интересен за странските инвеститори. Веќе има три фабрики во ТИР зоната која ја направи Владата но се градат капацитети и во градските индустриски зони.
-Во рок од шест месеци, од нашиот прв контакт, „Семак Фешн” почнува со изградба на нова фабрика што за мене е јасен знак дека станува збор за сериозна компанија. Фактот што во ова фабрика егзистенција ќе пронадајт 400 семејства од Штип ми дава за право да ви се заблагодарам што го избравте Штип и Македонија за инвестирање. Инвестирањето на 3 милиони евра во новата фабрика од кои 1.5 милиони се во квалитетна опрема јасно покажува дека сте важен сегмент на штипската економија.Можам да ви кажам дека не погрешивте што дојдовте во Македонина и одбравте тука да инвестирате, бидејќи нашата Влада овозможува одлични услови за инвестирање- напомена Захариев.
Захариев посочи дека веќе имал контакти со уште една германска фирма, „Мајер – Мајер” кои исто така покажале интерес за логистички центар во оваа зона а најави и нова градска индустриска зона во должина од 4 километри покрај локацијата за новиот експресен пат кон Радовиш. Исто така, додаде дека покрај веќе изградената фабрика „Актива Аутомотив” во соработка со белгиски „Ван Хул”, штипска „Актива” веќе купила нова парцела од 10.000 квадратени метри за нова фабрика при што освен каросерии за автобуси, Штип ќе биде и место од каде ќе излегуваат и ново произведени автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.