| четврток, 6 декември 2018 |

Највисоката зграда во светот ќе биде во Ирак

2(1754)

Архитектите од „AMBS“ пред неколку дена ги открија плановите да изградат облакодер, кој ќе биде висок 1152 метри. Неговото име ќе биде „Невестата“ и ќе биде новата највисока зграда во светот.
Предвидено е кулата да се наоѓа кај Мостот на заливот во Басра, еден од најбрзо растечките бизнис области во земјата. Фактот дека тука ќе се наоѓа највисокиот облакодер на планетата, кај локалното население инспирира надеж дека економијата во земјата ќе се развива со брзо темпо.

„Невестата“ ќе биде повисока од дубајскиот облакодер.
Тој ќе претставува четири соединети кули со различни височини. Централната кула ќе биде покриена со стаклен покрив, кој ќе прави сенка на пониските нивоа и јавните места. Оваа претпазливост е целосно логична, имајќе ги предвид високите температури во текот на летото во Басра.
Целосно во духот на современите трендови, архитектите на облакодерот планираат да користат само сончева енергија за потребите на зградата.

3(1636)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top