| четврток, 6 декември 2018 |

Ван Гал: Замените во второто полувреме не направија разлика, игравме полошо

Manchester United vs PSV Eindhoven

Манчестер јунајтед во рамките од петтото коло од Лигата на шампионите на својот стадион „Олд Трафорд“ одигра само 0-0 против ПСВ и со тоа си ја загрози судбината за пласман во следната рунда. Иако важеа за фаворит пред овој натпревар, „црвените ѓаволи“ не успеаја да ја реализаат надмоќта која ја имаа во текот на натпреварот.
Посебно во првиот дел Јунајтед имаше неколку шанси за гол, но мрежата на ПСВ мируваше.
Во второто полувреме менаџерот на домаќините Луис Ван Гал направи три измени, но и тоа не вроди со плод. Едниствената шанса за гол ја имаше Лингард која не успеа да ја реализира.

– Првото полувреме го игравме добро, но не постигнавме погодок. Во вториот дел направив неколку замени за да тргнеме поофанзивно, но тоа не вроди со плод, игравме полошо отколку во првите 45 минути. Имавме извонредна шанса преку Лингард, што за жал не ја искористивме – изјави Луис Ван Гал по натпреварот.

Manchester United vs PSV Eindhoven

Најтрофејниот англиски клуб сега се соочува со прерана елиминација, па доколку ПСВ слави во својот меч на домашен терен против ЦСКА Москва, тогаш „црвените ѓаволи“ ќе мора да слават на својот натпревар, на гостински терен против Волфсбург, за да го продолжат престојот меѓу европската елита.

– Имаме квалитет за да победиме на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Тоа веќе го потврдивме во Англија, сега треба да го покажеме и во Лигата на шампионите, но јас верувам во мојот тим – истакна менаџерот на Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top