НБА тимот на Филаделфија ноќеска го забележи и 16.пораз во НБА-лигата од почетокот на оваа сезона и 26. во низа вклучувајќи ги десетте натпревари од минатата година и со тоа го израмни неславниот рекорд на екипата на Тампа Беј од НФЛ-лигата од 1976 година.
Тие на гостувањето кај Бостон загубија со 84-80, но интересно е тоа што водеа со пет разлика пред почетокот на последниот период, но домаќините со пресврт стигнаа до победата. Гостите немаа одговор за Ајзеа Томас кој постигна 30 поени, па бадијала беше солидното издание на Окафор кој заврши со 19 реализации.
Ако Филаделфија забележи порази во следните два меча, ќе го израмни негативниот рекорд на Њу Џерси кој изнесува 18 порази во низа од стартот на сезоната. Следниот натпревар тие го играат на теренот на Хјустон.
Токму екипата на Хјустон ќе мора да се вади против Филаделфија во следното коло бидејќи забележа пораз на домашен паркет од Мемфис со 93-102. Во овој натпревар победи колективната игра на гостите, бидејќи целата стартна петорка и Кортни Ли имаа двоцифрен број на поени. Кај Хјустон фантастична вечер имаше Џејмс Харден со 40 поени, но тоа не беше доволно за победа.
Резултати:
Орландо – Њујорк 100-91, Шарлот – Вашингтон 101-87, Бостон – Филаделфија 84-80, Детроит – Мајами 104-81, Торонто – Кливленд 103-99, Хјустон – Мемфис 93-102, Милвоки – Сакраменто 118-129, Минесота – Атланта 99-95, Оклахома – Бруклин 110-99, Сан Антонио – Далас 88-83, Феникс – Њу Орлеанс 114-120, ЛА Клиперс – Јута 91-102.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.