Медиумското крило на Исламската држава, „Ал Хајат медиа центар“ објави ново пропагандно видео во која џихадистите се закануваат кон државите во Европа, вклучително и Македонија.
Објавена е верзија на англиски јазик и со босански превод. Џихадистите ја ставија Македонија меѓу членовите на „ѓаволовата коалиција“ која се бори против нив, па се закануваат на Македонија, Србија, Хрватска дека ќе ги „изгори воен оган“.
-Америка, тврдиш дека имаш најголема армија, но твоите војници немаат желба и одлучност. Војниците ви се исплашени, се враќаат мртви или со самоубиствени тенденции- се вели меѓу другото во видео пораката во која закани се упатуваат и кон Иран, Русија, Турција, а македонското знаме, заедно со српското и хрватското се меѓу земјите кои се борат против ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)