| четврток, 6 декември 2018 |

Животот е најдобро филмско сценарио: Џихадисти влегле во кафуле во Париз, но налетале на мафија, еве што се случило…

Повторно се покажа дека животот е најдобар филмски сценарист.

Во Париз тројца колумбиски мафијаши ги спасиле посетителите на едно кафуле од сигурна смрт!  Притоа се спасиле и себе си.

Имено, двајца припадници на Исламска држава влетале во кафуле со автомат на готовс и почнале да пукаат, без да знаат дека внатре има Колумбијци. Ама и тие ги извадиле своите пиштоли и ги изрешетале двајцата џихадисти. Набргу како во филмовите стигнала и полицијата и ги уапсила. Но, Французите сега не знаат што да прават со Колумбијците, бидејќи овие тројца припадници на колумбискиот „северен наркокартел“ се криминалци, но во Франција станаа херои.

Париски медиуми пишуваат дека најверојатно ќе и ги предадат на Колумбија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top