Државната изборна комисија одлучи на истражниот судија да му дозволи само увид во избирачките списоци од трите изборни места во Куманово, но не и да ги одземе.
Увидот во изборниот материјал ќе може да направи во просториите на Општинската изборна комисија во присуство на нејзините членови и на претставници на политичките партии.
ДИК донесе ваков заклучок откако Општинската изборна комисија од Куманово испратила дописи за три судски наредби од истражен судија за одземање изводи од избирачкиот список за избирачките места 1036,1040 и 1063, како и наредби со имиња и презимиња за лица кои го прекршиле кривичниот закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
Во Куманово денеска гласаат 64 болни и немоќни лица