Синоќешната гол магија на Барселона против Рома и нанижаните шест погодоци во голот на Војчех, го кренаа каталонскиот клуб до нов врв.
Сино-црвените веќе го држат рекордот за најмногу реализирани погодоци во историјата на Лигата на Шампионите.
„Лос кулес“ имаат 1030 гола, откако постои КЕШ и ЛШ, а Реал Мадрид останува на втората позиција со 1026, покажува статистиката на „MisterChip“ (направена по петтиот гол). Далеку на третото место е Баерн (Минхен) со 848 гола.
Más goles en competiciones europeas: [1029] BARCELONA [1026] Real Madrid [0848] Bayern [0757] Juventus [0640] Anderlecht [0636] Benfica
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) November 24, 2015
Популарниот статистичар истакнува дека Барса е првиот тим, кој победил италијански состав со 5 и повеќе голови разлика. Гигантот од Каталонија ја освои својата група за рекорден 17-ти пат, откако постои таква фаза на турнирот.
FCB 6-1 ROM (FT) – El Barça es el equipo que ha sido campeón de grupo más veces (17) en TODA la historia de la Champions League.
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) November 24, 2015
Шпанските медиуми извадија и други интересни информации. Во календарската 2015 година волшебната трио, Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар, има повеќе постигнати голови од целиот тим на Реал Мадрид, поточно 121: 106. Лео се учинокот од 43 погодоци, а другите двајца јужноамериканци со по 39 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.