| четврток, 6 декември 2018 |

Седиштето на Фудбалската федерација на Грција евакуирано поради закана за бомба

Седиштето на Фудбалската федерација на Грција (ЕПО) во Атина е евакуирано, откако анонимен јавувач предупредил дека во зградата има бомба.

greek football

Полицијата ја испразни градата и ја расчисти областа, а во тек е акција на експерти за експлозиви кои го пребаруваат просторот.

Анонимно лице се јавило во редакцијата на „Весникот на уредниците“ и рекло дека во зградата е поставена експлозивна направа која требало да биде активирана пред околу еден час.

Вчера експлодира бомба пред канцелариите на грчката бизнис федерација во центарот на Атина, при што беше оштетена и Кипарската амбасада која е во близина, но немаше повредени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top