Едната од двете сестри на госпоѓата Којиќ во интервју за весникот „Слободна Даламација“ открила зошто не била на свадбата на Северина во Белград, како ниту на венчавката во Истра пред месец дена.
Сестрата на Северина Зденка и нејзиниот сопруг Здравко Жуниќ ги демантираат написите дека со другите 600 гости се забавувале на големата „српска свадба“ на Северина.
-Не бевме ниту на свадбата во Белград ниту на венчавката во Истра. Од почит кон нашите роднини и пријатели, загинати хрватски бранители и почитувајќи го марјанскиот католички морал, ние не го одобруваме целиот овој естраден циркус.
За разлика од Зденка втората сестра на Северина Маријана Вучковиќ -Поповиќ пак беше една од највеселите на свадбата.
Маријана е новинарка која долги години живее и работи во Белград, а Северина често ја посетува. Маријана многу е врзана за внукот Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






