| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски и бугарски текстилни компании ќе ги презентираат своите колекции

Пет македонски и пет бугарски текстилни компании ќе ги презентираат своите колекции на 28 ноември (сабота) во галеријата „Безистен“ во Штип, во организација на македонскиот Текстилен кластерво соработка со Моден викенд Скопје, соопштија од Моден викенд Скопје.

Станува збор за производите на македонските фабрики „Астибо фешн груп“, „Амор“, „Васидора“, „Кули“ и „Ларс“ и бугарските „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс“ и „Силвер деј“.

Ревиите се во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“ кој Текстилниот кластер од Макеоднија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија .

– Целта на оваа активност е да се подигне имиџот на текстилната индустрија преку заедничко претставување на колекции на текстилни компании од Македонија и Бугарија пред публика составена од државни и образовни институции, донорски организации и останати гости. Проектот придонесува да се оценат сегашните капацитети на индустријата за текстил и облека во пограничниот регион со цел да се развијат мерки кои ќе обезбедат реални решенија за надминување на проблемите на секторот. Во следната фаза проектот предвидува изградаб на регионален бренд за настап на трети пазари – вели Наташа Сивевска –извршен директор на Текстилниот кластер.

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија а организациона и логистичка поддршка е обезбедена и од Опшината Штип.

За шминка и фризура на моделите од модната агенција „Подиум“ ќе се погрижи салонот за убавина „Silhouette Штип“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top