Мајкон реално погледна на работите по загубата од Барселона синоќа.
– Ова 1: 6 е малку, можевме да примиме уште голови, изјави бразилскиот ветеран по средбата на „Камп Ноу“.
– За жал, тие постојано ја поседуваа топката и затоа беше многу тешко да се направи нешто против нив. Ништо не се менува со оваа загуба. Потребно е да продолжиме да одиме по нашиот пат. Во недела имаме уште еден важен натпревар. Овој помина, време е да размислуваме за Аталанта, рече уште Мајкон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.