Бразилскиот виртуоз, Роналдињо Гаучо своите најдобри партии во својата кариера ги имаше во дресот на Барселона во периодот од 2003 до 2008 година, интервал во кој буквално експлодираше и беше вистински лидер во успесите на каталонците.
Меѓутоа тој тивко си замина од „Камп Ноу“ и тоа откако на клупата пристигна Пеп Гвардиола, па многумина го посочија шпанскиот стручњак како виновник за заминувањето на волшебникот од Порто Алегре.
Сепак тоа не е вистинстака причина, а тоа Роналдињо го откри во интервјуто за „ТВЗ“.
-Јас бев тој што одлучив да си заминам во Барселона. Ги постигнав целите и потребна ми беше промена. Секогаш добро сум се согласувал со Гвардиола и работев со неговиот брат Пере во Најк, -порача легендарниот ас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


