Еден од двајцата пилоти кои се катапултираа откако нивниот борбен авион беше урнат од турскиловец Ф16 е спасен откако го пронашла сириската армија, соопшти рускиот амбасадор во Франција.
– Еден од двајцата пилоти бил ранет кога со падобранот почнал да се спушта и убиен е на крајно варварски начин од страна на џихадистите во таа област. Другиот пилот успеал да побегне. Според последните информации спасен е од страна на сириската армија и веќе е на пат кон руската база, изјави амбасадорот Александар Орлов за Европа 1 радио, пренесува БТА.
Оваа информација ја објави и либанската телевизија „Ал Мајден Њуз“, која тврди дека сириските сили го обиколиле пилот кога се приземјил, го чувале два часа пред да дојде спасувачкиот хеликоптер и го одвел во руската база Хмејм во Латакија. Спасувачката операција траела околу шест часа.
Телевизијата Ана Њуз објави ексклузивна снимка од спасувањето на рускиот војник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)