| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Се обидуваме да бидеме професионалци, но во исто време и се забавуваме

00009851

Лионел Меси не го криеше своето задоволство од фактот дека синоќа на високо ниво одигра полни 90 минути, против Рома во Лигата на Шампионите. Ѕвездата започна како стартер за прв пат по двомесечното лекување на повредата и постигна два гола за Барселона, за победа со 6: 1.
– Во моментов играме многу силно, но до крајот на сезоната има уште многу време. Се надевам дека ќе го задржиме ова ниво до крајот на сезоната. Мило ми е што играв 90 минути. Се чувствувам се подобро, рече Меси по натпреварот.
– Никогаш не сме велеле дека тимот зависи од мене и тоа се покажа во времето кога бев надвор од теренот. Ми беше многу тешко, но уживав во играта на тимот.
– Луѓето велат дека со Нејмар и Суарез играме добро, бидејќи сме пријатели, но јас би им одговорил дека не сме само тројцата. Атмосферата во тимот е одлична. Се обидуваме да бидеме професионалци, но во исто време и се забавуваме. Обединети сме и знаеме што треба да правиме на теренот, рече аргентинецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top