Хрватската пејачка Слаѓа Петрушиќ неодамна јавно признала дека поминала три дена со Милан Поповиќ во еден белградски хотел откако поради насилство беше исфрлена од едно реално шоу кое се емитува во Србија.
Но сега Слаѓа има и со нешто друго да се пофали, пренесуваат регионалните медиуми. Имено, во истата недела кога Северина Вучковиќ сега Којиќ се мажеше , таткото на нејзното дете на својата нова девојка и подарил интересен подарок.
Пејачката им кажала на пријателките дека од Милан добила прстен, но не златен или сребрен туку бакарен.
-Слаѓа ни раскажа се за трите дена поминати со Милан. Но се довери и дека за време на престој во реалното шоу Милан и праќал цвеќе неколку пати како и свежо овошје. По нејзиното излегување тие заминаа во хотел каде тој и подари бакарен прстен и сега постојано се фали со него. Веројатно е тоа некоја финта, симболично изјавување на љубов, бидејќи таков накит не чини повеќе од 10 евра- кажала блиска пријателка на Слаѓа за српските медиуми.
Слаѓа ги потврдила овие наводи, а исто така кажала и дека Милан и на Северина и подарил таков прстен.
-Кога Северина го доби бакарниот прстен ги спакува куферите и си замина, а јас немам намера тоа да го сторам. За мене тој прстен е нешто највредно – изјавила Слаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Сите се прашуваа што е: Откриена мистеријата на таинствениот црн прстен на принцот Хари