| четврток, 6 декември 2018 |

Протести низ Чикаго, полицаец убил афроамериканец (Видео)

cicagoНеколку стотици лица излегоа на протест по улиците на Чикаго откако американските власти лиферуваа видео снимка што го покажува моментот на убиство на афроамериканец од страна на бел полицаец, информираа светските агенции.

Протестот засега минува мирно. Нема податоци за судири и други нарушувања на редот. По улиците, на кои се собраа демонстрантите, има засилено полициско присуство.


Пред снимката да биде емитувана, Обвинителството во Чикаго на полицаецот Џејсон ван Дајк му поднесе обвинение за убиство со умисла, бидејќи во октомври 2014 година дури 16 пати го погодил со огнено оружје 17-годишниот Лакван Мекдоналд.

Властите побрзаа да покренат обвинение, надевајќи се дека ќе бидат избегнати нови немири, поврзани со расните проблеми и употребата на смртоносна сила од страна на полицијата. Во последните неколку месеци такви безредија, потикнати од расни убиства, избувнаа на различни места во САД.

На снимката, направена од видео камера поставена на полициски автомобил, се гледа како Мекдоналд е застрелан на улица додека се оддалечува од полицајците кои го пресретнале. Видеото покажува како двајца полицајци излегуваат од својот автомобил и го вадат оружјето додека се приближуваат до момчето. За миг тој е соборен од куршуми и почнува да се грчи на земја, додека по него продолжува да се пука.


Според обвинителството, полицаецот Ван Дајк го испразнил целиот шаржер од пиштолот и се подготвувал повторно да го наполни. Полицаецот тврди дека пукањето било оправдано, затоа што се чуствувал загрозен од Мекдоналд, кој, според органите на редот, носел нож.

Властите стравуваат дека објавувањето на  видео снимката може да предизвика немири, какви што избувнаа во градовите Балтимор и Фергусон, откако млади црни мажи беа убиени од полицајци или умреа во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top