| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка драма во Франција, на граница со Белгија

mapaСветските медиуми пренесуваат за заложничка драма во Рубе на северот на Франција на границата со Белгија. Група вооружени луѓе раниле неколкумина кои се здобија со прострелни рани.

-Киндапирани се луѓе, операцијата е во тек. Се пука, населбата е затворена вели еден извор за Ројтерс.

Според неговите зборови, можно е директорот на банката и неговото семоејство да се земени како заложници.

Медицинските и противпожарните служби потврдија дека во градот Рубе дошло до инцидент, но не соопштија повеќе детали.

За сега сеуште не е познато дали овој инцидент има некаква врска со нападите од 13-ти ноември во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top