Најмалку 14 лица загинаа при експлозија во автобус, кој превезувал припадници на туниската претседателска гарда, на главната улица во Тунис, соопшти туниското Министерство за внатрешни работи.
Туниската национална телевизија Ватања објави дека експлозијата се случила на булеварот Мухамед Петти во центарот на главниот град на Тунис. Се уште не е познато што ја предизвикало експлозијата.
Премиерот на земјата го посетил местото на експлозијата. Светските медиуми јавуваат дека Тунис е цел на ИСИС, што не е за прв пат. Последниот инцидент се случи десет дена откако туниските власти ги засилија безбедносните мерки во главниот град, во кој невобичаено има голем број на туристи. Во текот на месецот туниските власти соопштија дека елиминирале група која планирала напади врз полициски станици и врз хотели во летувалиштето Сус, на околу 150 километри југоисточно од главниот град. Луксузен хотел во Сус беше нападнат во јуни при што загинаа 38 луѓе, а при нападот врз музејот „Бардо“ во март загинаа 22 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември