| четврток, 6 декември 2018 |

Утре попладне Јохан ќе биде пречекан на плоштадот „Македонија“

Јохан Тарчуловски утре во 14.30 пристигнува на скопскиот аеродром „Александар Велики“, дознава „Република“, а подоцна ќе има и организиран пречек на плоштадот „Македонија“.

johan glavna

Како што дознаваме, Тарчуловски, заедно со сопругата Соња, утре, на 11 април, треба да слета на скопскиот аеродром, а по осум години минати во туѓина, во затворот во Хаг, а потоа и во Германија, ќе биде на скопскиот плоштад во 18.30 часот.

За сите граѓани кои сакаат да го пречекаат на аеродромот „Александар Велики“ организиран е бесплатен превоз со автобуси кои во 13 часот ќе тргнуваат од паркингот на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“. Обезбедени се и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаат да го пречекаат Тарчуловски.

По пристигнувањето во Скопје предвидено е Тарчуловски да се сретне со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите во близина на Порта Македонија.

За неговиот пречек ќе биде организирана и прослава на плоштадот Македонија на која ќе настапат повеќе познати пејачи.

Тарчуловски беше осуден од Хашкиот трибунал на 12 години затвор за случувањата во скопското село Љуботен во 2001 година. Шест години од затворската казна ги помина во Шевенинген, а од пред две години беше префрлен во затворот во германскиот град Диц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top