Јелена Розга неодамна почна заеднички живот со својот дечко Стјепан Хаусер, а ги запозна и неговите родители. Упатените тврдат дека средбата поминала во одлична атмосфера, дека родителите на младиот музичар биле воодушевени од поп-пејачката, а мајката на Стјепан приготвила многу вкусни специјалитети во чест на „снаата“, шегувајќи се дека доколку живее со неа, би можела да накачи некое килце плус. Инаку, Розга досега никогаш јавно не ги експонираше своите партнери, со исклучок на Стјепан, од кого е постара десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.