Еден од двајцата пилоти на урнатиот руски авион го заробиле сириски бунтовници, јавува „Си-Ен-Ен Турк“.
Како што се наведува, во планинската област недалеку од турската граница бунтовниците го заробиле пилотот. Станува збор за Туркмени кои се борат против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Потсетуваме, турските сили денес урнаа руски авион „су-24“ кој леатал над Сирија на висина од 6.999 метри. Пилотите успеале да се катапултираат.
Другиот пилот, според непотврдени информации, е мртов. На социјалните мрежи почна да кружи снимка која го прикажува мртвиот пилот на рускиот авион. На снимката се гледа група луѓе собрани околу човекот кој облеан во крв лежи на земја. На снимката се слуша како некој вика „Алах Акбар“.
<
Graphic video shows #Syria rebels with a dead jet pilot, almost certainly a Russian judging by clothing & equipment: pic.twitter.com/EymcjUJh2d
— Charles Lister (@Charles_Lister) November 24, 2015
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)