| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалски бос стана претседател на Аргентина

00577670

Поранешниот шеф на еден од најголемите фудбалски клубови во светот, Бока Јуниорс, стана претседател на Аргентина. Конзервативецот Маурисио Макри, во вториот круг на изборите го победи Даниел Скиоли со 51,5% на 48,5%, по пребројувањето на 99% од гласовите.
Оваа победата на бизнисменот е прва, по повеќе од една деценија порази на десно-центристичката опозиција. Ова е крај на 12 годишното владеење на левицата.
Успехот на Макри во неделата беше изненадувачки, бидејќи актуелниот градоначалник на Буенос Аирес, заостануваше зад Скиоли по првиот круг од изборите, кој се одржа на 25 октомври.
Макри вети реформи и крај на левото управување на досегашниот претседател Кристина де Кирхнер, но без реваншизам.
– Ова е историски ден, епохална промена која ќе биде прекрасна, без реваншизам, ниту расчистување на сметки, изјави тој пред своите приврзаници.
Новиот претседател е син на еден од најбогатите мажи во Аргентина, италијанецот Франко Макри и има долга кариера во бизнисот, пред да се зафати со политика, не потсетува БиБиСи.
Во 1991 година Маурисио е киднапиран од група корумпирани полицајци, кои го држат како заложник 12 дена и го ослободуваат со откуп од неколку милиони долари. Пет години подоцна Макри станува претседател на Бока Јуниорс, со кој управува до 2007 година, освојува 17 трофеја, меѓу кои 2 пати „Копа Либертадорес“ и Интерконтиненталниот Куп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top