| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиските власти составија список со 945 џихадисти

ima-945-djihadisti-v-belgiq-340315

Белгиските власти составиле листа со 945 свои џихадисти, објавија локалните медиуми. Листата ги содржи имињата на луѓе кои биле во Сирија или Ирак, кои се обиделе, но не успеале да стигнат до таму, на оние кои уште се таму и на луѓе кои бараат начин да заминат.
Забележано е дека 130 белгиски џихадисти биле во Сирија или Ирак и веќе се вратиле. Од оваа бројка, 85 лица потекнуваат од населбата „Моленбек“ во Брисел. Исто така дополнуваат дека 516 белгијци во моментов се наоѓаат во Сирија или Ирак.
Медиумите јавуваат дека вчера во Антверпен е уапсен еден од водачите на движењето „Начин на живот“ (The Way of Life). Се додава дека четири од главни личности на оваа групата веќе се во затвор. Оваа нова група брои стотина членови. Се води истрага под обвинение за тероризам, бидејќи има податоци дека групата собирала џихадисти за Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top