Турската воена авијација урна борбен авион на границата со Сирија што го нарушил турскиот воздушен простор, јави турската приватна телевизија „Си-Ен-Ен“. Според локалните медиуми, станува збор за руски авион.
Претходно, турските медиуми соопштија дека авионот паднал во реонот на сириското село Јамади, кое се наоѓа непосредно до турската граница, каде што живеат Туркмени.
Рами Абдурахман, кој ја предводи Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека авионот паднал во туркменистанските планини и дека засега не се знае дали бил руски или сириски.
Турски медиуми, повикувајќи се на високи воени извори, соопштија дека авионот бил урнат од турски авион-ловец Ф16 и дека пилотот бил претходно информиран, по што безбедно се катапултирал. Тој не соопшти од која земја е урнатиот авион. И на видеото кое го објави агенцијата „Анадолија“ се гледа како пилотот се катапултира.
Турската Влада сѐ уште не го потврди настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)