Северина и Игор Којиќ направија свадба на годината за која долго ќе се раскажува.
Младенците беа мошне елегантни, а Северина носеше венчаница во која изгледаше како вистинска принцеза.
Меѓутоа, како поминуваше вечерта таа реши да ја соблече венчаницата и да се пресоблече во златен фустан.
Фотографијата со младенците откако се пресоблекле ја споделил Виктор Живојиновиќ, синот на Лепа Брена.
Инаку сите 600 званици на свадба добија подарок од младенците. Претставништво на хрватската фирма во Босна и Херцеговина за оваа прилика произвеле специјално чоколадо „Сека и Брацо“ кои им беа поделени на гостите
Чоколадите имаа посебна обвивка на која беа фотографиите на Северина и Игор и датумот на свадбата, односно 22 ноември 2015 година.
-Направивме чоколадо кое беше подарок за нашата Северина, исклучиво за овој настан- потврдила Марија Антуновиќ, директорката на маркетинг за БиХ на фирмата „Звечево“ и додала дека тоа била заедничка идеја на младенците и фирмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.