Новиот воен центар на Русија е сместен на левиот брег на реката Москва, само неколку километри оддалечен од Црвениот плоштад. Под центарот се наоѓа мрежа на подземни тунели.
Новото руско Министерство за одбрана е супермодерен центар, вреден милијарди долари, на три спрата. Ова е центарот на руската војска од кој рускиот претседател Владимир Путин координира со сите воени активности.
Националниот центар за одбрана бил прва станица на Путин по потврдата дека рускиот авион, кој со 224 лица полетал од Шарм ел Шеик, е урнат со бомба која ја подметнале терористите на Исламска држава, пишува „Индепендент“.
– Господа. Овде не може да се расправате. Ова е воена соба – изјавил Владимир Путин пред камерите на руската национална телевизија откако започнала панична расправа на неговите генерали и на министерот во врска со падот на авионот над Синај.
На екраните, како оние во современите киносали, се одвивал пренос во живо од полетувањето на рускиот бомбардер према Сирија. Путин им давал упатства на своите високи офицери да стапат во контакт со Французите и да соработуваат со советниците.
Новиот руски воен центар е еквивалент на американскиот Пентагон. Изграден е во 2014 година и дел е од масовна, децениска долга модернизација на руската војска, која досега веќе чинела стотици милијарди долари.
Во случај на војна, тоа би било главно воено и комуникациско седиште во кое би се скриле претседателот на државата, но и премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)