Од терористичките напади во Париз, на 13 ноември, до денеска, во регионот на Париз се уапсени речиси 300 лица, изјави шефот на париската полиција Мишел Кадо, пренесе „Танјуг“.
– Вкупно 298 лица се наоѓаат во затвор, додека 71 лице е во домашен притвор – прецизираше Кадо.
Тој додаде дека ширум регионот, вклучувајќи го и Париз, се разместени 10.200 полицајци и 6.400 војници, чиј приоритет се станиците, аеродромите, големите јавни објекти, владини згради, установи на културата, медиумски компании и болници, пренесуваат француските медиуми.
– Нивото на закана останува зголемено – рече Кадо, додавајќи дека на интернет се објавуваат заканувачки пораки од Исламска држава во кои Франција е јасна цел.
Кадо наведе дека по нападот е забележен извесен број расистички или антиисламски испади, но тој ја пофали, главно, одговорната реакција на француската јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.