| четврток, 6 декември 2018 |

Бил расист и хомофоб – повлечен германскиот претставник на „Евровизија“,

Кoнтроверзниот пејач Ксавиер Најдо нема да ја претставува Германија на следната песна на Евровизија закажана за мај идната година во Стокхолм.

Германската државна телевизија АРД, која минатата недела го избра Најдо за национален претставник, ја повлече својата одлука откако на социјалните мрежи и во медиумите и политички кругови изборот беше жестоко критикуван како хомофобичен и антисемитистички чин.

Во својата изјава АРД сѐ уште тврдат дека Наидо е брилијантен пејач и дека неговата уметност не е расистичка ниту хомофобична, но и дека јавниот телевизиски сервис не може да ја игнорира јавноста.

„Јасно беше дека неговата номинација ќе ја поларизира јавноста, но не очекувавме толку силен негативен одговор“, вели Томас Шрајбер претставник на АРД во изјавата објавена на веб-сајтот на Евровизија.

Популарниот рок и блуз пејач, чии текстови се опишуваат како антисемитски и хомофобични, сега ќе добие замена која подобро ја одразува германската јавност. Најдо, кој е од мешано индиско, афрканско и германско потекло, беше критикуван дека неговите текстови наведуваат дека хомосексуалците се педофили и содржат антисемитистички пораки.

Пејачот ги отфрла обвинувањата и вели дека со сето свое битие стои зад космополитска Германија и правото на достоинствена и мирна интеракција со останатите. Поддршка за него дојде и од дел од неговите колеги музичари, кои велат дека Најдо е уметник кој не презентира политички, туку уметнички ставови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top