| четврток, 6 декември 2018 |

Поетскиот карван продолжува во Кавадарци

Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Кавадарци. На 25 ноември, во 13 часот, во Градската галерија при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, ќе настапат 20 истакнати поети на ДПМ од различни генерации.

Годинашниот циклус на Поетскиот карван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите досега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Радовиш,  Гостивар, Свети Николе, Куманово, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе и во општина Илинден, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Поетскиот карван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top