Утре (вторник, 24 ноември) во Друштвото на писателите на Македонија, во 12 часот, ќе се одржи поетски портрет на Љерка Тот Наумова, по повод 40-годишнината од излегувањето на нејзината прва стихозбирка „Шепот на љубовта“ и објавувањето на најновото поетско остварување под наслов „Зародиш на повикување“. За творештвото на Љерка Тот Наумова ќе зборуваат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Марина Мијаковска. Стихови ќе чита Александра Велинова, а музичката придружба ќе биде на Миле Јовановски Поречанец.
Љерка Тот Наумова е член на ДПМ од 1991 година. Автор е на 15 стихозбирки. Нејзината поезија е преведувана на повеќе јазици, меѓу кои: англиски, турски, грчки, италијански, абански и влашки. Застапена е во неколку антологии на современата македонска поезија. Член е и на Друштвото на хрватските писатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија