| четврток, 6 декември 2018 |

Судири меѓу демонстранти и полицијата во Париз

par

Француската полиција во Париз се судри со повеќе стотици демонстранти кои се собраа во знак на поддршка за бегалците, и покрај забраната за собирања во текот на вонредната состојба што Франција ја воведе по терористичките напади во француската престолнина, јави „Танјуг“.

Протестот беше завршен кога припадниците на специјалната полиција употребија бибер спреј и палки против демонстрантите кои тргнаа од Бастилја кон Плоштадот на републиката.

Локалната полиција ги информира организаторите дека доколку не се откаже собирот тие ќе се соочат со казна од шест месеци затвор, но демонстрантите ја игнорираа забраната за собирање, наведува „Раша тудеј“.

Собирот почна кај Бастилја, а судирите со полицијата избија кога демонстрантите тргнаа кон Плоштадот на републиката, што набрзо беше блокиран од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top