| четврток, 6 декември 2018 |

Најбараниот терорист од Париз, Салах Абдеслам, се уште е на слобода

Најбараниот човек во Европа, Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз, синоќа бил забележан од полицијата, но успеал да им избега. Тој најверојатно патува со автомобил БМВ кон границата на Германија, објави електронското издание на „Телеграф“.

salah

 

Белгиските федерални обвинители синоќа признаа дека во операција на армијата и на полицијата вчера не е уапсен исламистот Абдеслам. ­

– Абдеслам бил забележан од полицијата во близина на градот Лиеж околу 19 часот и 30 минути, но успеал да избега, објави белгискиот весник „Дерниер јор“.

Весникот наведува дека Абдеслам се упатил кон Германија. Во синоќешната акција било извршено претрес на 19 локации при што се уапсени 16 осомничени. Кај приведените не е пронајдено никакво оружје, ниту експлозив, па истражен судија денеска ќе одлучи дали тие ќе останат во притвор.

Белгиските власти се одлучија да го задржат нивото на тревога во Брисел на највисоко ниво поради можноста од напади, поради што ни денеска нема да работи подземната железница, а сите училишта во главниот град на Белгија ќе бидат затворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top