| четврток, 6 декември 2018 |

Во Русија откриени и ликвидирани 11 терористи (видео)

rusija_antiteroristicka-30c5yejp197tbwlnpj46bk

На југот на Русија ликвидирани се милитанти кои припаѓале на група која положила заклетва за верност на ИСИС, соопшти Националниот антитерористички комитет (НАК)

Единаесет милитанти се ликвидирани во текот на антитерористичката операција во Наљчик, место во северен Кавказ. Сите оние кои припаѓале на групата која положила заклетва на верност на ИСИС.

“Во текот на специјалната операција пронајден е бункер во кој се криеле разбојниците. Како одговор на предлогот да го положат оружјето и да се предадат тие решија да отворат оган на соработниците на чуварите на редот и употребија гранати. По тоа донесена е одлука за почеток на активна фаза за специјална операција, во чиј тек, според прелиминарните податоци, единаесет бандити се неутрализирани. Сите оние кои биле членови на банда која положила заклетва за верност на ИСИС” – се вели во соопштението.

Според податоците на Националниот антитерористички комитет, се продолжува со активната фаза на специјалната операција.

Од 6 часот по средноевропско време на делот на територијата Наљчик и Черкескиот регион Кабардино-Балкарија воведен е режим за контратерористичка операција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top