| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар повторно поразен од европскиот шампион, победата на Барселона им ја подарија судиите!

Во рамките од осмото коло во Лига на шампионите во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје Вардар го пречека европскиот шампион Барселона во возвратниот дуел од пред една недела.
Барселона повторно излезе како победник со ??-??, но мора да се каже дека воопшто како и во првиот натпревар во „Блауграна“ не го надигра „црвено-црниот“ состав.

vardar 1

Ако пред една недела Вардар немаше среќа за изненадување во Шпанија, во Скопје Барселона доби огромна помош од судиската двојка од Данска Гединг и Хансен кои му овозможија на каталонскиот гигант иако беше надигран да дојде до победата во самиот финиш од мечот. Тоа предизвика реакција од публиката која почна да фрла со хартии на теренот и да скандира против Европската ракометна федерација.

sudii

Натпреварот беше коректен од двете страни со многу кобинаторики во нападот и цврсти одбрани на двете страни во кои царуваа голманите Арпад Штербик и Де Варгас кои фатија по 15 топки.
Во текот на целиот натпревар Вардар имаше водство и до четири гола разлика, но тоа не го искористи да го дотолчи грогираниот противник. Сепак, и покрај овој пораз македонскиот шампион останува при врвот на табелата со шанса за висок пласман можеби и за првото место.

arpad sterbik

До крајот остануваат уште шест кола, а само два меча до почетокот на Европското првенство во Полска 2016.
Најдобар стрелец во составот на Барселона повторно беше Жалус со осум гола, додека кај вардарци се истакна Сергеј Горбок со пет погодоци.
Следниот натпревар Вардар го игра на жешкиот терен во Полска против Кјелце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top