| четврток, 6 декември 2018 |

Атмосфера до зовривање, Вардар има резултат за победа против европскиот шампион

Најголемиот натпревар кој Вардар го игра во својата историја е денешниот против европскиот шампион Барселона во СЦ „Јане Сандански“ во рамките од Лигата на шампионите.
По првото полувреме „црвено-црните“ имаат предност од три гола (15-12). Македонскиот шампион одлично го почна натпреварот и по само десет минути игра имаше предност од четири гола (7-3). Во тајмаутот на кој беше приморан да го земе тренерот на Барса, Чави Паскал, гостите ги консолидираа редовите и влегоа во серија која беше помогната од судиската двојка од Данска.
Во периодот од 17 до 23 минута Барса направи серија од четири гола со што го израмни резултатот на 11-11, а по само неколку минути да дојде и до предност од еден разлика.
Раул Гонзалес на другата страна одговори со неколку измени во составот, влегоа Македа, Шишкарев и Филип Лазаров, кои со цврстата одбрана и неколку интервенции на Штербик направија клучна разлика во првиот дел.

vardar

Во самиот финиш од натпреварот дојде до инцидент меѓу играчите на двата тима откако левиот бек на каталонскиот гигант Жалус при еден удар од девет метри откако истече времето за напад намерно го удри во лицето Игор Карачиќ.
За ова две минути исклучување доби само Хорхе Македа, и ниту еден играч на Барселона.
Арпад Штербик е феномелнален на голот со осум одбрани, додека во нападот дури шест играчи на Вардар имаат по два гола.
Во составот на Барселона Кире Лазаров, Жалус и Сигурдсон имаат по три гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top