На неполн час пред почетокот на големиот ракометен спектакл во рамките од осмото коло од Лигата на шампионите меѓу Вардар и европскиот шампион Барелона, сите патишта водат кон СЦ „Јане Сандански“.
Улиците се затворени кон ракометниот храм се затворени за сообраќај, а река народ се приближува во салата.
Внатре атмосферата е вжештена, а публиката ги поздрави ракометарите на Вардар кои излегоа на теренот да се загреваат. Во составот на „црвено-црните“ е и миленикот на скопската публика Столе Стоилов кој се врати во составот по едномесечна пауза поради повреда на рамото.
Посебен поздрав е упатен кон македонскиот бомбардер Кире Лазаров кој на овој меч ќе игра против македонскиот шампион.
Натпреварот започнува во 17.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



