| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Народот знае – едно е да мавташ со марифети кои што не држат вода, а друго е да правиш конкретни работи

iri.jpg-500
Двојна разлика во рејтингот во корист на ВМРО-ДПМНЕ е резултатот на деструктивните политики на СДСМ. Деструктивната политика, политичката криза и нзаконски прислушуваните материјали го повлекоа Заев кон дното, сметаат експертите. Според нив анкетата на ИРИ во која рејтингот на Заев за помалку од 4 месеци се намалил за 30% е вистински показател за тоа дека македонскиот народ знае да разликува напорна работа од празна политика.

СДСМ не само што не издвојува никаква зголемена поддршка, туку има пад на рејтинзите и граѓаните се револтирани поради црните сценарија и политиката на хаос на СДСМ. Зоран Заев бележи пад на и така нискиот личен рејтинг. Од 7 % колку што изнесуваше во јуни, сега тој се спушти на најниско ниво од 5%, наспроти стабилните 18% на премиерот Груевски, односно 35 % од граѓаните кои сметаат дека Груевски заслужува реизбор.

Ескпертите согласни дека тоа е шамар за раководството на СДСМ, но и јасна порака што сака народот. Бомбите, масовните протести пред влада, фиктивните обвинувања за некаква неслобода, во исто време кога раководството на СДСМ ужива во луксуз, удобства и вршат расипничко трошење на СДСМ му донесе дополнително слабеење на поддршката.

-Се работи во државата за една криза наметната од надвор за жал спроведувана од едни личности политичари од земјата. Сето тоа се обидува да се пласира кај народот но тоа не врви. Народот знае кој што прави затоа што едно е да зборуваш и да мавташ со марифети кои што не држат вода, а друго е да правиш конкретни работи. Така што тоа радува што народот ги цени работите и мислам дека тоа најавува дека излезот од оваа криза ќе биде во инетерес на секој граганин од оваа држава и за макдеонскиот народ во целина, вели аналитичарот Ристо Никовски.

Тој додава дека во суштина се работи за вистината, бидејќи тоа е тоа што народот го цени.

– Вие кога се обидувате со некоја подршка која не е автохтона која доаѓа од надвор која во суштина е спротивна на долгорочните интереси на овој народ вие не можете да профитирате. Можеби краткорочно во одредени периоди ќе добиете некои поени
меѓутоа на долгорочна основа ќе загубите, смета Никовски.

Стабилна и убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ прогнозираа и другите релевантни анкети. Во самостојната теренска анкета на „Брима Галуп” направена во периодот од 29 јуни до 5 јули 2015 година, на примерок од 1008 испитаници, резултатите покажуваат дека Доколку следната недела би се одржале избори за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, според направената анкета, би гласале 23,5 проценти од граѓаните, 12,4 проценти за СДСМ, додека за ДУИ би гласале 7,6 и за ДПА 3,5 проценти од граѓаните.

Тоа се потврдува и со октомвриската анкетатна ИПИС која беше направена за потребите на Република каде Мнозинството од анкетираните граѓани, сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ, би извојувала убедлива победа на предвремените парламентарни избори односно 43,2 проценти од граѓаните сметаат дека владејачката партија би однела победа на изборите, наспроти 19,9 проценти од граѓаните кои сметаат дека СДСМ би бил победник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top