Македонскиот претседател, д-р Ѓорге Иванов, беше присутен на четвртфиналниот реванш меч во Истанбул, меѓу Галатсарај и Реал Мадрид, што заврши со победа на домаќините од 3-2. Иванов ја почуствува прекрасната атмосфера на арената „Турк телеком“ што ја создадоа френетичните домашни навивачи, кои го исполнија капацитетот од 52 илјади гледачи.
Сликите што ги објавуваме се преземени од спортскиот портал „Екипа“.
Нашиот претседател беше гостин на првиот човек на фудбалскио клуб Галатасарај, Унал Ајсал. Двајцата си разменија дресови, Иванов доби дрес на Галатасарај, а возврати со националниот дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Посетата на фудбалскиот клуб од Истанбул и на натпреварот од Лигата на шампионите е дел од програмата на македонскиот претседател, при учеството на 16. евроазиски економски самит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.