| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов пред денешниот меч со Барселона: Мо­же­ме да се но­си­ме со се­ко­ја европ­ска еки­па од са­ми­от врв

stoilov-3

Мис­лам де­ка мо­же­ме да се но­си­ме со се­ко­ја европ­ска еки­па од са­ми­от врв. Се­ко­ја еки­па што до­а­ѓа во Скоп­је до­а­ѓа со страв и со по­чит кон Вар­дар. „Ја­не Сан­дан­ски“ е ба­сти­он кој те­шко мо­же не­кој да го освои. Ние, ка­ко еки­па, од го­ди­на в го­ди­на рас­те­ме и со­зре­ва­ме. Прет­ход­ни­те две го­ди­ни за влак­но ни из­бе­га тој фај­налфор. Не би са­кал се­га да ко­мен­ти­рам или да да­вам прог­но­зи де­ка оваа се­зо­на си­гур­но ќе се пла­си­ра­ме, но, спо­ред тоа ка­ко поч­нав­ме и ка­ко оди­грав­ме во овие се­дум ко­ла до­се­га, ре­ал­но е да се нај­де­ме на за­врш­ни­от тур­нир во Келн. Да про­дол­жи­ме со до­бри­те игри ка­ко до­се­га, на до­бар пат сме и се на­де­вам де­ка ќе го ос­тва­ри­ме тоа што си­те го по­са­ку­ва­ме – вели македонскиот ракометар, пивот во „Вардар“, Стојанче Стоилов.

Тој во разговор за „Република“ за пос­лед­ни­от по­раз од Бар­се­ло­на на го­сти вели:

Пред да поч­не се­зо­на­та некој да ти ка­же де­ка ќе из­гу­биш со еден раз­ли­ка од Бар­са – ќе по­да­деш ра­ка и ќе си ре­чеш, го­то­во. Се­пак, ка­ко се од­ви­ва­ше нат­пре­ва­рот, мо­же­ше да се слу­чи да из­гу­би­ме и со да­ле­ку по­го­ле­ма раз­ли­ка, но мо­же­ше и мно­гу лес­но да се слу­чи да на­пра­ви­ме сен­за­ци­ја про­тив европ­ски­от шам­пи­он и да сла­ви­ме по­бе­да. Та­ков е ра­ко­ме­тот, не­пред­вид­лив. Се од­ви­ва во две-три на­со­ки, до пос­ле­ден мо­мент не се знае ка­ко мо­же да за­вр­ши ме­чот.

Верува дека доколку неговите соиграчи се пос­ми­ре­ни во да­де­ни си­ту­а­ции, за­ед­но со пуб­ли­ка­та, не­ма да има­мат проб­лем про­тив Бар­се­ло­на во Скоп­је.

– Мо­ра­ме да ги ану­ли­ра­ме гре­шки­те, ка­ко и оние бранови го­ре-до­лу во фор­ма­та што ги има­ме од нат­пре­вар во нат­пре­вар, па ду­ри и на еден меч. Оди­грав­ме фан­та­стич­но во пр­ви­те пет нат­пре­ва­ри, се слу­чи по­ра­зот од Кол­динг на го­стин­ски те­рен. Кол­динг во­оп­што не е сла­ба еки­па, во јав­но­ста се диг­на фа­ма де­ка дан­ски­от тим бе­ше пос­ле­ден во гру­па­та пред ме­чот со Вар­дар и де­ка си­гур­но ќе по­бе­ди­ме, де­ка не­ма шан­си да сла­ват по­бе­да со нас. Но, си­те игра­ат ра­ко­мет во Евро­па. Кол­динг е со искус­ни игра­чи во со­ста­вот и, се­ка­ко, го имаа до­маш­ни­от терен ка­ко пред­ност. Се­кој нат­пре­вар е при­каз­на за се­бе и не се знае ка­ко ќе се отво­ри нат­пре­ва­рот. Мно­гу фа­кто­ри за­ви­сат за да се ос­тва­ри ус­пех
– вели тој.

Целиот разговор со Стоилов можете да го прочитате на следниот линк .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top