| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул го торпедираше Сити сред Манчестер (видео)

Manchester City FC vs Liverpool FC

Екипата на Ливерпул опасно се заканува кон врвот на табелата во Премиер лигата, откако успеа да слави и во вториот дерби натпревар под диригентската палка на Јирген Клоп по оној во Лондон против Челси.
Денеска жртва на Германецот и неговите играчи беше Манчестер Сити кој беше торпедиран на „Етихад“ со 1-4.
„Црвените“ можеа и дополнително да го посрамотат Сити доколку реализираа уште некоја стопроцентна шанса што ја створија во текот на мечот.
Мечот почна со изненадувачки погодок за гостите, автогол на Мангала по една наивно загубена топка на домашниот тим на сопствената половина. Потоа на сцена стапи бразилскиот тандем Фирмино – Кутињо, кој со две меѓусебни маестрални акции постигна уште два гола до крајот на полувремето.
Манчестер сити во финишот од првиот дел преку Агуеро постигна гол, но наспроти надежите за камбек на домаќините Ливерпул не потклекна, повторно создаде бројни шанси за гол од кои искористи само една, кога Шкртел со волеј удар од петнаесетина метри го најде патот до мрежата на одличниот Харт.
Очигледна е офанзивната тактика која ја бара Клоп откако дојде во Ливерпул. Играчите трчаат по целиот терен и вршат притисок над противникот, со цел да што побрзо ја одземат топката и создадат шанси за гол.
Тактиката вродува со плод и по повеќе години, Ливерпул игра како што доликува за еден од најтрофејните тимови во Англија.


1-4 Martin Škrtel Goal England Premier League… by karimhuseynzade

Претходно во терминот од 16 часот, Арсенал загуби со 1-2 на незгодното гостување кај ВБА, Челси конечно победи минимално со 1-0 против Норвич, додека нов лидер на табелата е Лестер со денешната убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Њукасл.

Резултати 13.коло:
Ватфорд – Манчестер јунајтед 1-2, Евертон – Астон Вила 4-0, Челси – Норвич 1-0, Њукасл – Лестер 0-3, Саутемптон – Стоук 0-1, Свонси – Бурнемут 2-2, ВБА – Арсенал 2-1, Манчестер Сити – Ливерпул 1-4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top