| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар пресилен за Хипо во последното коло

Екипата на ЖРК Вардар со победа ја заврши првата групна фаза во Лигата на шампионите откако попладнево во СЦ „Јане Сандански“ повторно ја декласираше екипата на Хипо со 37-25.
Избраничките на тренерскиот двоец Кастратовиќ – Питлик воопшто не се мачеше со денешниот противник бидејќи разликата во квалитет беше очигледна.
По првиот дел вардарки имаа предност од 15-14, но на стартот од второто полувреме имаа период од играта во која им дозволија на противничките да постигнат неколку голови во серија и да го преземат водството (17-19).

hipo

Сепак со искуството кое го поседува „црвено-црниот“ состав не дозволи да дојде до целосно опуштање, одбраната на чело со голманката Амандин Лејно не дозволи да прими гол дури девет минути и со серија од 12-1 го презема водстото кое до крајот на натпреварот само се зголеуваше благодарение на Французинката на голот која по секој одбранет удар ги проигруваше во нападот своите колешки кои со брзи контра-напади лесно реализираа.
Кастратовиќ и Питлик како и што најавија пред почетокот на мечот шанса им дадоа на сите ракометарки, а тие вратија со тоа што сите се запишаа на листата на стрелци.

golmani

Андреа Лекиќ беше предводник на листата на стрелци со девет голови, пред Пенезиќ која постигна шест, а Радичевиќ и Черноиваненко додадоа по четири.
На голот беше фантастичната Лејно со 16 фатени удари иако натпреварот го започна од клупата.
Во следната рунда Вардар вкрстува со групата Д од која трите патника се Будуќност, ЦСМ Букурешт и Савехоф и ќе одигра по два натпревара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top