Голем број деца знаат да читат кога ќе наполнат пет години, но ова деветнаесетмесечно бебе веќе знае да прочита околу 300 зборови.
Гордата мајка, Латоја Вајтсајд објави видео, на кое се гледа нејзиниот син Картер, како од картичка чита зборови.
Тој има 19 месеци, а знае да прочита 300 зборови и да брои до 50. Многу е јасно дека малиот Картер не чита разбирливо како што читаат поголемиот дел од децата, но секако е вистинско чудо што воопшто знае да чита.
Во преубавото видео можете да го видите малото бебе како чита зборови од картичката, а потоа гледа во правец на камерата, односно во неговата мајка за таа да потврди дека убаво прочитал.
– Мојот деветнаесетмесечен син знае да чита. Тој ги знае буквите не знае да ги пишува, но фонетски ги разликува и препознава напишаните букви. Брои до 50 и чита повеќе од 300 зборови. Кога одиме некаде, чита што пишува на знаците покрај патот. Мислам дека не сум свесна колку работи знае, рече гордата мајка.
Латоја рече дека нејзиниот син почнал да ги препознава зборовите и да пее кога имал само седум месеци.
-Почна да ги изговорува зборовите, кои никогаш не сум му ги покажала на картичките кога имаше само 12 месеци.
Оваа мајка рече дека само еднаш му ги има прочитано напишаните зборови на картичките, кои се гледаат на снимката, но оти сите ги запомнил.
Децата на возраст до една година и пол можат да изговараат околу шест зборови. Читањето, секако, доаѓа подоцна поголемиот број мали деца од три години знаат да изговорат зборови, но составувањето на цели реченици „доаѓа“ околу петтата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)